Prizma - BIRN
banner
prizmabirn.bsky.social
Prizma - BIRN
@prizmabirn.bsky.social
160 followers 110 following 460 posts
Part of Balkan Investigative Reporting Network - BIRN - Investigative Journalism, Skopje, Republic of North Macedonia - publishing on www.prizma.mk
Posts Media Videos Starter Packs
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура со распишало тендер од скоро 7 милиони евра за реконструкција и надградба на постоечка траса по проект за градски воз. БИРН ja бараше, но „Железници инфраструктура“ не ни ја даде физибилити студијата: prizma.mk/skrieni-rizi...
#WhenInSkopje #КогаСиВоСкопје понеси си скафандер.

Од градска депонија, Скопје доби депонија во градот.

Ѓубрето се разлева по улиците како кулминација на хаосот во градот.

Дневен преглед на улиците во метрополата.
„Според мене, проблемот е во самата изведба и, колку што разбрав, самиот инвеститор е и багерист и изведувач, самиот копал, самиот уривал. Грешката е во самата постапка за уривање и изградба на објектот. Тој велеше дека бил искусен...“ prizma.mk/patchev-shte...
Локални избори се , кампањата за големите проекти тече, а контејнерите во Скопје се преплавени со отпад. По година дена проблеми со отпадот во градот, Обвинителството вчера конечно влегло во јавното претпријатие Комунална хигиена за обезбедување докази за евентуално кривично дело...
Директорот на заводот Горан Патчев објаснува како дошло до уривањето, колкава е штетата, кои се следните чекори за реконструкција и кои системски предизвици го отежнуваат зачувувањето на културното наследство во охридско-струшкиот регион: prizma.mk/patchev-shte...
Патчев: Штетата на куќата на Малески е голема, но надоместлива
Интервју со Горан Патчев, директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид
prizma.mk
Информациите околу двојното убиство во Велес, уште еднаш и по којзнае кој пат потврдија дека без брза и решителна системска заштита на жртвите, попусто е и кога ризичното однесување рано се препознава и се пријавува: prizma.mk/kolumni/apso...
„Ако мислат апстинентите дека со неизлегување на избори пратиле некаква порака до политичките партии, дека изразиле недоверба во нивниот квалитет, тогаш еве една вест за нив – грдо и грдно се лажат!“ prizma.mk/kolumni/apso...
Апсолутна демократија
Имам чувство дека основниот проблем е во тоа дека македонските гласачи, мнозински и длабински, како да не ја разбираат основната идеја на демократијата.
prizma.mk
Партнерската агресија врз Росица, која заврши трагично, ги разбива стереотипите дека насилството врз жените најчесто се случува во помалите, конзервативни средини и дека феноменот е и тоа како присутен во урбаните средини, ноќни клубови и социјалните мрежи prizma.mk/post-mortem-...
Пост-мортем: Кога серискиот насилник е популарен урбан лик
Жртвите на Илија Стефановски го пријавувале во институциите и зборувале со пријателите за тоа што им се случувало
prizma.mk
Ниту еден од обвинетите во оваа фаза од постапката не признал вина. Некои од адвокатите побарале судиите да закажат јавно рочиште на кое ќе се оценува обвинението. Но, тројцата судии одлучиле тоа да биде на затворена седница. prizma.mk/sluchaj-puls...
Случај „Пулс“: Стотина страници приговори и ниедно признание за вина
Ниту еден од обвинетите не признал вина. Некои од адвокатите побарале рочиште на кое ќе се оценува обвинението.
prizma.mk
Reposted by Prizma - BIRN
Како никогаш досега, во Кочани се пријавени дури шестмина кандидати за градоначалници и девет советнички листи, што партиски, што независни.
Но, кампањата се одвива во тишина: prizma.mk/kochani-tish...
Кочани: Тишината е погласна од кампањата
Град што сè уште тагува, а мора да избира | Репортажа од Кочани
prizma.mk
На прашањето што му треба на Кочани, говореа за ставање крај на корупцијата, која доведе до трагедијата, за ресетирање на системот и да запре долгогодишната партизација на градот. Кино, спортски сали, паркови, улици... им се во втор план... Прочитајте #репортажа : prizma.mk/kochani-tish...
#Кочани - Тишината е погласна од кампањата
YouTube video by Prizma BIRN
youtu.be
Ги следам обидите за релативизација на целиот случај. Те сите „шмркаат“, те да покажеме емпатија, те голем стручњак бил, те греот… И мислам дека целиот овој случај, со придружните реакции, го покажува сломот на моралните вредности на општеството prizma.mk/kolumni/vo-m...
Во мое село сѐ е бело
Не е ова само дамка врз кариерата на Кузмановски, ова е лага врз целиот здравствен систем
prizma.mk
Како никогаш досега, во Кочани се пријавени дури шестмина кандидати за градоначалници и девет советнички листи, што партиски, што независни.
Но, кампањата се одвива во тишина: prizma.mk/kochani-tish...
Кочани: Тишината е погласна од кампањата
Град што сè уште тагува, а мора да избира | Репортажа од Кочани
prizma.mk
Тоа што пак засега не се слуша на предизборните собири и медиумски гостувања е како ќе се реши проблемот со подземните премини кои се и објекти за заштита на пешаците при преминувањето на булеварите: prizma.mk/kako-propadn...
„Ова се темите што граѓаните ги слушаат во општини што немаат основна хигиена, градови со колабиран јавнен превоз, места во кои воздухот е презагаден, а за посериозни локални услуги може да се зборува само ако се добие некоја донација или владина поддршка:“ prizma.mk/kramarska-vi...
Крамарска: Високата политика е во кампањата бидејќи не ветува ништо
Разговор со Соња Крамарска, долгогодишен новинар и аналитичар
prizma.mk
Институционално излезе приказната за лошите услови во некои дoмови за стари лица како што пишуваше БИРН. Два старски домови во Скопје се затворени, а на две осомничени лица обвинител им одреди притвор. БИРН пред две години пишуваше за тајноста во домовите: prizma.mk/starskite-do...
Старските домови тонат во тајност
„Само преку камера“, им кажале од домот, „забрането е влегување внатре“
prizma.mk
„Што се однесува до ветувањата за локалните проблеми, од состојбата во која се наоѓаат општините е јасно дека тие ветувања малку или воопшто не се остваруваат. Така што, не верувам дека кој било граѓанин ќе решава според тоа кому да му го даде својот глас“ prizma.mk/kramarska-vi...
Крамарска: Високата политика е во кампањата бидејќи не ветува ништо
Разговор со Соња Крамарска, долгогодишен новинар и аналитичар
prizma.mk
Reposted by Prizma - BIRN
На 28 март 2009, студенти организирани во неформалната група „Архи бригада“ протестираа против изградбата на црквата со мото „Не силувајте го Скопје“. Протестот прерасна во инцидент, студентите беа нападнати.
„Богохуљ еден“, му довикнува госпоѓа на еден од студентите: prizma.mk/tsrkva-i-spo...
„еден ноторен факт ми боде очи. Не само што таму нема никаква нова идеја, туку нема ниту збор за најголемиот културен настан што следи во овој мандатен период, проектот „Скопје – Европска културна престолнина 2028“. prizma.mk/kolumni/grad...
Град без срам и образ
Не може „престолнината на кичот“ да биде „престолнина на културата“.
prizma.mk
На 28 март 2009, студенти организирани во неформалната група „Архи бригада“ протестираа против изградбата на црквата со мото „Не силувајте го Скопје“. Протестот прерасна во инцидент, студентите беа нападнати.
„Богохуљ еден“, му довикнува госпоѓа на еден од студентите: prizma.mk/tsrkva-i-spo...
При неокласичното пресоблекување на Скопје не секогаш бевме на чисто кој објект ќе го гради државата, а кој приватници. Сепак, почетната замисла отсекогаш била црквата да ја финансирана државата, со што би се „исправила неправдата од 1970“ #коментар : prizma.mk/tsrkva-i-spo...
Црква и споменик на амбиции и хирови
Викендов беше осветен православниот храм Св. Константин и Елена
prizma.mk
„Додека Македонија гори, Скопје се задушува во токсини и во ѓубре, а црната хроника е полна и ја доминира јавната сфера, нашиот премиер глуми жртва на центри на моќ, министерот за внатрешни работи пишува магистерска, а претседателката едвај го напушти Охрид“: prizma.mk/kolumni/hibr...
„Социјалните мрежи, а и самата глобална мрежа воопшто, на почетокот перцепирани како некаков израз или дострел на непосредната демократијата, каде што ќе му биде овозможено секому да го каже своето мислење, всушност се претворија во својот антипод: prizma.mk/kolumni/digi...
Дигитално варварство
Излезе дека најбитното прашање на посетата на Сиљановска-Давкова на САД е дали се фотографирала со Трамп или не! Никој или речиси никој не се занимаваше со резултатите од таа посета. Никој или речиси ...
prizma.mk
„изјави на највисоки политички функционери за конкретни судски одлуки, особено кога се изразува разочараност од висината на казните на неправосилни одлуки, создаваат притисок врз судиите, може да биде проблематично, за целокупната судска независност: prizma.mk/avramovski-n...
Аврамовски: Не е точно дека реформските закони за правосудството се само за плати
Фокусот само на платите на судиите и обвинителите ја извртува суштината, вели Дарко Аврамовски во интервју за БИРН.
prizma.mk
Во ресенско има околу 250 лица заболени од рак. Директорот на болницата во Отешево вели дека фокусот треба да се стави на заштита од загадување поради присуство од пестициди.
БИРН истражуваше за пестицидите во Преспа: prizma.mk/prespansko-e...
Преспанско Езеро - двојно повеќе пестициди во двојно помалку вода
Езерото во чија заштита се вложуваат милиони, има мали шанси против природата и човекот
prizma.mk